За EXARC

 

EXARC е меѓународна организација за музеи под отворено небо, експериментална археологија, древни технологии и нивна интерпретација. Составена е од околу 250 свои членови во 30 земји во светот и нуди силна поддршка и вмрежување преку која сите музеи под отворено небо, разни организации и стручни лица заинтересирани за нивните тематики можат да разменуваат знаења, искуства и добри практики.

exarc

EXARC го објавува EXARC Journal, сопствено списание во кое се вклучени најновите случувања во теренската работа, академски истражувања, музејски студии, живо толкување и жива историја, како и практикување на древните технологии. Списанието се објавува четири пати годишно на интернет, а најдобритете написи се печатат во хартиена форма во EXARC Journal Digest.

EXARC го поддржува своето членство преку организирање на мали соработки и меѓународни партнерства, честопати со помош на значајни грантови од Европската унија. Нивните проекти го подигнуваат нивото на учесниците и им овозможуваат на другите членови да имаат корист од нивните искуства.

exarc-membership

EXARC има силно онлајн присуство, не само на на својата веб страна, туку и преку други проекти, донесени благодарение на OpenArch, проект за култура на ЕУ. Open Archaeology е on-line ресурс за сите оние кои се сериозно заинтересирани за темите на EXARC:
– Презентации во над 600 археолошки музеи под отворено во светот
– Библиографија со повеќе од 11.000 наслови кои покриваат се’, од експериментална археологија, реконструкција на музејот водич книги.
– Листа на професионална настани, вклучувајќи конференции и семинари.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте ги на info@exarc.net или проверете ги на веб сајтот.

haemus_exarc

ХАЕМУС – центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје, како и  Археолошкиот парк ,,Виминациум” (Археолошки институт Белград при Српската Академија на Науките и Уметностите) се доглогодишни членови на EXARC.

EXARC е придружна членка на ICOM – меѓународен совет на музеите од светот.

Print Friendly