За Виминациум

 

Виминациум е археолошки локалитет од римскиот период кој се протега покрај реката Дунав во источна Србија, во близината на Костолац. Бил еден од најзначајните римски градови на територијата на Србија и еден од најголемите легиски логори вдолж Дунав. За време на своето постоење бил главен град на римската провинција Горна Мезија (Moesia Superior), а во периодот од 1-7 век имал: храмови, плоштади, улици, театар, јавни бањи, аквадукт, гробници, мавзолеи, градски порти … Според пропорциите веројатно во него живееле околу 1 милион луѓе. Како административен, земјоделски, воен и културен центар на областите од северната граница на римската империја (limes), во воениот логор на Виминациум била сместена познатата Седмата Клаудиева легија (Legio VII Claudia Pia Fidelis). Она што денеска е останато на терен од тоа време и може да се види од страна на посетителите ги опфаќа остатоците од воениот логор, градот и некрополите, како и остатоци од градска порта, јавна римска бања и мавзолејот на римскиот император Хостилијан со катакоби во чиишто гробови се зачувани прекрасни фрески.

domus-scientiarum-viminacium

Кон крајот на 2006. година Виминациум е промовиран во археолошки парк под отворено на површина од околу 480 хектари, ставен под заштита на државата. Во рамките на паркот покрај гореневедените археолошки остатоци се наоѓа и Музеј на мамути со палеонтолошката атракција – во целост сочуван скелет на мамут стар преку милион години, музеј и сувенирница. Атракција за посетителите претставува и Domus Scientiarum Viminacium, реплика на римска вила изградена со целата потребна инфраструктура за прифаќање на посетители и преспивање на туристи. Во Виминациум е сместен и Центарот за нови технологии, а целиот комплекс претставува депанданс на Археолошкиот институт – Белград при Српска академија на Науките и Уметностите.

Официјален веб сајт на Виминациум: http://www.viminacium.org.rs/

Археолошкиот парк ,,Виминациум” (Археолошки институт Белград при Српската Академија на Науките и Уметностите) е доглогодишен член на EXARC.

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly