Благодарност

 

Би сакале да заблагодариме на д-р. Миомир Кораќ, археолог, директор на Археолошкиот институт при Српската Академија на Науките и Уметностите (Белград, Србија) и директор на Археолошкиот парк ,,Виминациум” за желбата да соработува со ХАЕМУС и дел од фундусот на паркот да го сподели со македонската јавност.

Би сакале да заблагодариме на археолозите д-р. Милица Тапавички-Илиќ и д-р. Јелена Анѓелковиќ-Грашар од Археолошкиот Институт при Српската Академија на Науките и Уметностите во Белград, за сите совети, заложби и добрата волја да помогнат во организацијата на нашиот настан SCUPINI ROMANI.

Би сакале да заблагодариме на Ленче Јованова и д-р. Марина Ончевска-Тодоровска, археолози од Музеј на град Скопје и раководители на археолошкиот локалитет Скупи, за сите критики и совети во текот на спремањето на SCUPINI ROMANI.

Би сакале да заблагодариме на д-р. Роланд Паардекопер, директор на EXARC за сета помош, препораки и вмрежување со институции, организации и поединци кои се занимаваат со експериментална археологија и кои ни овозможија што поверно да ја направиме визуелизацијата на минатото.

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly