Ancient workshops

Древното Римско царство било комплексно општетство составено од локално население, доселени воени ветерани, римски граѓани и друго романизирано население. Помеѓу нив занаетчиите и трговците завземале значајно место. Занаетчиско-уметничките производи се од исклучително значење за научниците и истражувачите како извор за изучување на уметноста, материјалната и духовната култура на населението. Трговијата била заснована на увоз на луксузна роба од разни познати центри, а извозот бил базиран врз производите на домашните занаетчиско-уметнички работилници.

Во обид да ја доловиме историската реконструкцијата на секојдневниот живот на населението во стариот Рим, се обидовме дел од верувањата, традициите, модата, храната и занаетите да ги визуелизираме преку работилници кои ќе ги покажат античките техники при изработките на предметите. Во рамките на SCUPINI ROMANi we are organizing several workshops.

  • Работилница за керамика
  • Работилница за накит
  • Работилница за хеклање
  • Работилница за плетење предмети
  • Работилница за мозаик
  • Работилница за обработка на метал

Секоја од работилниците e раководена од искусни експерти во својата област, археолози, уметници, артизани и/или занаетчии. На работилниците може да присуствуваат заинтересирани во групи составени најмалку од по 5 учесници.

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly, PDF & Email