Мода

 

Нашите информации за облеката од римскиот период доаѓаат од уметнички дела како што се скулптурите, сликарството и надгробните споменици, но и од од литературни дела и од оние парчиња на облека пронајдени за време на археолошките ископувања. Во стариот Рим имало многу класи на граѓани. Граѓанството било на висока цена и секој аспект од секојдневниот живот, вклучувајќи ја и облеката била строго регулирана од страна на државата. Иако грчките писатели ги снабдиле историчарите со непроценливи информации за облеката и општественитете обичаи, Римјаните ги надминале како социјални коментатори во точноста на детаљите. Делата на писателите како Ливиј, Плиниј и Светониј дале опис на стилови, методи на производство и општествено значење на секој тип на облека.

haemus_scupini_romani_viminacium_clothes haemus_scupini_romani_viminacium_clothes2
Фотографиите се сопственост на ХАЕМУС. Направени се летото 2014 год за време на римскиот фестивал во Археолошкиот парк Виминациум

Римјаните сакале бои и ги употребувале секојпат кога биле во можност. Облека била шиена со вложување на многу труд и била многу скапа, а уште поскапи биле обоените алишта. Како што може и да се очекува, робовите и сиромашните ја носеле најефтината можна облека. Типот на облеката и нејзината боја го одредувала и општествениот статус.

За потребите на SCUPINI ROMANI – меѓународен фестивал посветен на древната римска култура, сите облеки кои ќе ги носат партиципантите се изработеи од модната дизајнерка Магдалена Таневска. Внимавано е на текстилот, боите, деталите и типот на облека, за да биде историската реконструкција што е можно поверна.

haemus_scupini_romani_clothes haemus_scupini_romani_clothes2
 

За време на фестивалот ќе биде поставена и изложбата со костуми кои се сопственост на Археолошкиот парк Виминациум. Би сакале да напоменеме дека во рамките на фестивалот сите посетители ќе ја имаат и можност да се облечат во женска или машка римска облека сопственост на Археолошкиот парк Виминациум која е вклучена во цената на билетот.

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

 

Print Friendly