Занаети

 

SCUPI_-_COLONIA_FLAVIA_SCUPINORUM_Venera_pudica

Срамежлива Венера (Скупи, II век). Изработката и стилот  упатуваат на копија работена по хеленистички образец на Праксителовата Афродита Пудика, во некој од водечките вајарски центри на империјата

Древното Римско царство било комплексно општетство составено од локално население, доселени воени ветерани, римски граѓани и друго романизирано население. Помеѓу нив занаетчиите и трговците завземале значајно место. Занаетчиско-уметничките производи се од исклучително значење за научниците и истражувачите како извор за изучување на уметноста, материјалната и духовната култура на населението. Трговијата била заснована на увоз на луксузна роба од разни познати центри, а извозот бил базиран врз производите на домашните занаетчиско-уметнички работилници.

Во обид да ја доловиме реконструкцијата на секојдневниот живот на населението во стариот Рим, се обидовме дел од занаетите да ги визуелизираме преку работилници кои ќе ги покажат античките техники при изработките на:

– облека
– керамика
– накит
– хеклање
– плетње кошници
– мозаик
– обработка на метал

Секоја од работилниците ќе ја водат искусни занаетчии/уметници. На сите работилници ќе може да се присуствува, а во дел од нив со партиципација на посетителите, како работилницата за антички накит, ќе може и директно да се учествува.

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

 

Print Friendly