ЧПП

 

Од каде идејата за SCVPINI ROMANI?

Идејата за фестивалот Scupini Romani е стара од 2012 година, кога тимот на ХАЕМУС беше поканет на конференција во Археолошкиот парк ,,Виминациум” и веднаш се вљубивме во концептот на еден од најголемите локалитети од римскиот период на Балканот. Со оглед на богатото културно наследство од римскиот период во Македонија, сакавме да направиме настан каде посетителите ќе се вратат назад во времето и ќе ѕирнат за момент како изгледал реконструиран секојдневниот живот на старите Римјани, каква мода имале, каков накит носеле, од какви садови јаделе, на кој начин храна ја спремале и какви занаети практикувале. Ни требаше многу време додека ја осмислиме концепцијата на Scupini Romani, а самите припреми за фестивалот траат со месеци бидејќи консултираме домашни и странски експерти за овој историски период.

Зошто Ореов лад, а не археолошки локалитет?

Фестивалот Scupini Romani ќе се одржи на на 06.11.2016 год. во комплексот “Ореов Лад”, во Скопје од 10-16ч. За да се задржи автентичноста, се обидовме да преговараме и со неколку археолошки локалитети, но се покажа дека немаат доволна инфраструктура која може да поддржи една ваква манифестација. Ореов лад како локација е погодна поради повеќе причини, но најмногу затоа што поседува затворен ресторан и грижливо уредено двориште со покриен и отворен дел во кое може да гравитираат повеќе стотини посетители. Дури и во случај да врне и да биде ладно, нема да има никакви пречки да се одржи фестивалот. Просторот може да се адаптира според намената на настанот, а нам исто така ни беше важна и логистиката од местото каде ќе се одржува Scupini Romani заради спремањето на ,,римската храна” која мора да биде свежо направена и послужена на посетителите.

Што ако биде ладно и ако врне на 06.11.2016 год?

Погоре нагласивме дека Ореов лад како комплекс е огромен, составен од неколку делови, а само во внатрешниот затворен простор може да гравитираат повеќе стотина посетители. Доколку е убаво времето, сите занаетчии ќе имаат свое место во отворениот или покриениот дел од комплексот, но дури и во случај да врне и да биде ладно, нема да има никакви пречки да се одржи фестивалот во затворениот дел на Ореов Лад.

Дали и кога повторно ќе се одржи SCVPINI ROMANI?

Посетителите на 06.11.2016 година имаат привилегија да бидат дел од едно уникатно доживување кое за прв пат се организира во нашата држава. За следната година SCVPINI ROMANI како концепт на изложба/фестивал е веќе букиран да биде дел од слични настани на Балканот и во Европа. Оттука, не би можеле со сигурност да кажеме кога следен пат римскиот фестивал на античка култура ќе се одржи во Македонија. Можеби следната година повторно, а можеби годината по неа.

 

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly