Фестивалот

 

SCUPINI ROMANI е бренд на ,,ХАЕМУС” – центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје. Се состои од мноштво на подвижни ескпонати (керамика, облека, накит, плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка и рачно изработени од уметници, занаетчии и артизани по инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на SCUPINI ROMANI е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници.

Оваа есен SCUPINI ROMANI е дизајниран како меѓународен фестивал посветен на древната римска култура. Фестивалот е во организација на ,,ХАЕМУС” – центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје, а во соработка со Археолошкиот парк ,,Виминациум” и во партнерство со EXARC – меѓународна организација за музеи под отворено небо и експериментална археологија. Настанот ќе се одржи на 06.11.2016 год. во комплексот “Ореов Лад” од 10-16ч.

haemus_scvpini_romani_vasilka_dimitrovska

Во обид да ја доловиме реконструкцијата на секојдневниот живот на населението во стариот Рим, се обидовме дел од верувањата, традициите, модата, храната и занаетите да ги визуелизираме преку работилници кои ќе ги покажат античките техники при изработките на предметите. Во рамките на фестивалот ќе има јавни предавања од археолози кои се занимаваат со истражување на римската археологија, дегустрација на римска храна, изложба на костуми и модна ревија на облека со инспирација од древниот Рим, работилници со разни занаети практикувани во антиката, изложбен простор со комерцијални копии на Археолошкиот парк “Виминациум”, како и можност за купување на сувенири направени според инпирација на културното наследство од римскиот период на територијата на Република Македонија.

Настанот се прави под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

 

Ви посакуваме многу забава и едукација

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly