Food

 

Еден од најценетите занаети во античкото доба било пекарството. Римјаните својот леб го нарекувале panis и го правеле во неколку облици како: тригони – panis trifi dus, тетрагони – panis quadratus, пентагони, хектагони и октагони. За секојдневна употреба нјчесто користеле голем кружен леб, обично печен во пепел. Еден од најубавите лебови во форма на венец се нарекувал панис кој имал многу подваријанти. За потребите на фестивалот SCIPINI ROMANI ќе биде направен римскиот леб либум или популарно наречен римски чизкејк бидејќи се прави исклучиво со брашно и козјо сирење.

Roman food during the festival SCUPINI ROMANI 2016 in Skopje

Знаеме дека најголема артакција на фестивалот ќе биде дегустација на храна и вино припремани според рецептите на старите Римјани и послужени во керамика која е специјално правена за овој настан. Секое парче керамика и дрво во коешто ќе биде аранжирана храната е направено рачно, како инспирација од артефактите пронајдени на археолошките локалитети од римскиот период на територијата на Република Македонија.

Type of ancient roman food prepared for the SCUPINI ROMANI festival 2016 in Skopje

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly, PDF & Email