Накит

 

Римјаните обожавале да носат накит. Во еден момент државата дури вовела и забрани и ограничувања за носењето на накит, па затоа најраспространета врста биле прстените. И покрај големата љубов за накит, тој не бил ни приближно со фина изработка како етрурскиот или египетскиот. Жените ги носеле сите врсти на накит – прстени, нараквици, ѓердани, обетки, дијадеми, чешли и златни мрежички за коса.

fibulas-for-haemus_scupini_romani

HAEMUS_Inspiration_Ancient_Roman_Fibula HAEMUS_Skupini_Romani_jewelry_fibula
Рачно изработени фибули инспирирани од накитот во древниот Рим, дел од аксесоарите на SCUPINI ROMANI

За потребите на SCUPINI ROMANI, ХАЕМУС склучи екслузивен договор со дизајнерката на накит Елена Доленц која го работи секој предмет рачно според нацрти и инспирација на накитот што се носел во Римската империја. Во рамките на фестивалот ќе постои и работилница за антички накит што ќе ја раководи самата дизајнерка и секој од посетителите со партиципација ќе може да учествува во правење на сопствен накит инспириран од древниот Рим.

haemus_scupini_romani_replica_fibula
Процес при изработка на фибула како инспирација од древниот римски наикт
(Фото и рачна изработка Елена Доленц )

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly