Мисија и цели

 

SCUPINI ROMANI е бренд на ,,ХАЕМУС” – центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје. Се состои од мноштво на подвижни ескпонати (керамика, облека, накит, плетени предмети, сувенири) кои се дизајнирани по нарачка и рачно изработени од уметници, занаетчии и артизани по инспирација од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија. Концептот на SCUPINI ROMANI е променлив во зависност од околностите и може да биде организиран како амбиентална поставка, подвижна изложба или фестивал со живи учесници.

Оваа есен SCUPINI ROMANI ќе биде организиран како меѓународен фестивал посветен на древната римска култура која била еден мозаик составен од многу народи, секој со своите верувања, традиции и материјална култура.

Главната цел на овој настан е популаризација на културното наследство од римскиот период преку едукација, а главната мисија на фестивалот е дисеминирање на научните истражувања преку историска реконструкција позната под терминот “reenactment”. Акцентот на оваа реконструкција е ставен врз експерименталната археологија, древните технологии и нивната интерпретација во обид да се подигне јавната свест за одредена научна област кај љубителите на културното наследство.

Фестивалот е во организација на ,,ХАЕМУС” – центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје, а во соработка со Археолошкиот парк ,,Виминациум” и во партнерство со EXARC – меѓународна организација за музеи под отворено небо и експериментална археологија. Настанот ќе се одржи на 06.11.2016 год. во комплексот “Ореов Лад” од 10-16ч.

 

Ви посакуваме многу забава и едукација

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly