Медиуми

 

Почитувани,

поради големиот интерес за SCUPINI ROMANI – меѓународниот фестивал посветен на древната римска култура, ние се одлучивме комуникацијата со медиумите да биде преку нашите пријатели и соработници, New Moment New Ideas Company – Skopje, со кои ХАЕМУС има долгогодишна соработка. Ве замолуваме доколку ви се потребни информации за брифирање во однос на текст, фотографии, видеа или интевјуа, да се обратите кај г-а Андријана Андова на andova@newmoment.mk. Тимот на ХАЕМУС ви стои на располагање.

Прес конференцијата за SCVPINI ROMANI ќе се случува од 11:00-13:00ч. на 02.11.2016г. (среда) во Спомен собата на 2 кат од Градската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Скопје. Оние медиуми кои ќе дојдат и ќе известат за настанот на лице место на 02.11.2016г., ќе имаат и привилегија да се акредитираат за фестивалот.

Напоменуваме дека на денот на самиот фестивал (06.11.2016) доколку немаат купено влезница, ќе можат да присуствуваат само однапред акредитирани новинари со специјално дизајнирани беџови и влезници на кои стојат печати на Т.А. Арботравел и ХАЕМУС.

 

Ви благодариме однапред на разбирањето

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly