Производи од метал

 

Старите Римјани биле познати по квалитетот на својата архитектура, но за се останато вклучувајќи ја и работата со метал, римската уметност е со многу послаб квалитет од Етрурската или Хеленистичката или пак е нивна копија. Во римскиот период од метал била изработувана цела палета на предмети: садови за домаќинство, орудија, оружје, накит (украсен, утилитарен, култен), тоалетен прибор и др. Најчесто биле употребувани железо и бакар, но врвните садови во овој период се изработуваат и од поскапи материјали – бронза, сребро и стакло.

Во повеќе делови од империјата, вклучувајќи ја и територијата на денешна Македонија, докажано е постоење на металургиски работилници во римскиот период. Во таа смисла, досега се издвојува градот Стоби каде продолжува обработката и на обоените метали – пред се бакарот и бронзата, најчесто за призводство на садови и ситни леани бронзени предмети (украси, додатоци за садовите, елементи на покуќнина, накит, претстави на божества и други култни предмети).

Метални предмети сопственост на ХАЕМУС инспирација од римскиот период

Метални предмети со инспирација од римскиот период, сопственост на ХАЕМУС

Од металите, железото најчесто го употребувале за да направат прстени, а бронзата за предмети за секојдневна употреба. Римјаните биле способни да употребуваат керамички калапи во кои ја истурале бронзата за да направат разновидни мали предмети, додека оние поголемите биле шупливи или пак наполнети во внатрешноста со глина за да ја ограничат употребата на бронзата која била скапа. Микс од бакар и цинк бил употребуван како замена за злато , додека пак златото било применето за употреба на прстени, обетки и ланчиња за побогатите Римјани.

Во обид да прикажеме некоја од многуте техники при изработка на метални предмети, во рамките на SCUPINI ROMANI – меѓународен фестивал посветен на древната римска култура ќе постои и работилницата за метал. Таа ќе биде слободна и достапна за сите посетители на настанот, а со работилницата ќе раководи Коста Галиманоски, ракотворец, казанџија и кујунџија.

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly