Мозаик

 

Без оглед на модните промени и стилови, мозаикот во Римската империја бил мошне скапа, ексклузивна уметност, која освен репрезентативните јавни градби финансирани од државата или од донации, можеле да си ја дозволат само исклучително богатите поединци за декорирање на своите домови. Мозаичните подови во основа претставуваат имитација или луксузна замена за подните килими. Во почетокот, мозаиците се изработуваат од природни, необработени речни камчиња. Подоцна почнале да се употребуваат обработени, четириаголни, разнобојни парченца (tesserae) од камен, теракота и стакло, кои биле редени во техниката теселатум (opus tessellatum). Иако, декорацијата на подовите со мозаици е постар изум, развојниот максимум го достигнува во римскиот период. Најраните мозаици се карактеризираат со едноставен дизајн од најразлични комбинации на црно – бели геометриски (поретко фигуративни) мотиви. Подоцна, композициите се дополнуваат со полихромни флорални, зооморфни или фигурални претстави.

haemus_scupini-romani_plaoshnik_mosaic
Лихнид, Плаошник, бања, мозаичен под од типот опус теселатум, I век

Во обид да прикажеме некоја од многуте техники при изработка на подни мозаици, во рамките на SCUPINI ROMANI – меѓународен фестивал посветен на древната римска култура ќе постои и работилницата за мозаици. Таа ќе биде слободна и достапна за сите посетители на настанот, а со работилницата ќе раководи Јасмина Бошевска, мозаичар.

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

 

Print Friendly