Плетење

 

Плетење без чворови или во превод nålebinding (од данскиот збор кој дословно значи “спојување со игла”) е техника за правење на ткаенини која низ историјата им претходела на плетењето со чворови (knitting) и хеклањето (crochet). И покрај тоа што се работи за техника кое претходи на онаа со чворови, според пронајдените археолошки примероци на ткаенини, тешко е да се направи разлика помеѓу овие две техники кога едно парче е веќе исплетено.

Во рамките на SCUPINI ROMANI – меѓународен фестивал посветен на древната римска култура ќе има работилницата за плетење без чворови со автентични игли од коска со ушка, кои ги нарачавме специјално за оваа намена.. Таа ќе биде слободна и достапна за сите посетители на настанот кои сакаат да присуствуваат на техниката со чија помош се изработува облека со инспирација од античките примери. Работилницата ќе биде раководена од Маја Кузманоска – уметница и ракотворец и ко-основач на ХАЕМУС.

 

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly