Керамика

 

Еден од најпознатите развиени занаети во Римската империја било грнчарството. Најчестите производи во грнчарството биле различнни садови за подготовка и послужување на храна, предмети за погребните обичаи, ламби, фигурини од теракота, но исто така и градежни материјали (тули, водоводни цевки, подни плочки …). Пронајдените калапи за изработка на релјефни садови ни даваат пак докази за изработката на луксузна керамика.

HAEMUS_Scupini_Romani_pottery

Процес на правење кермичка чинија со инспирација од древниот Рим (фото Тања Богоевска)

Садовата керамика (чинии, бокали, чаши) во која ќе биде послужена римската храна на SCUPINI ROMANI е работена рачно на колце, по инспирација на грнчаријата којашто е пронајдена на археолошките локалитети од римскиот период на територијата на Република Македонија. За соработката благодариме на “Керамика Кафе” кои се нафатија на нашата идеја со голем предизвик и сработија дел од чиниите, а за останатата керамика се погрижи професионален грнчар од с. Вренешница кај Кичево кој и ќе презентира во живо.

HAEMUS - rimska pasteta haemus_scupini_romani_pottery

Чинии направени по урнекот на древната римска керамика и римска храна
(предметите се сопственост на ХАЕМУС)

Во рамките на SCUPINI ROMANI – меѓународен фестивал посветен на древната римска култура ќе има работилницата за керамика. Таа ќе биде слободна и достапна за сите посетители на настанот кои сакаат да се обидат да изработат сад со инспирација по античките примери.

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly