Програма

 

Меѓународниот фестивал посветен на древната римска култура “SCUPINI ROMANI’, ќе се одржи на 06.11.2016 год. од 10-16ч. во комплексот “Ореов Лад” во Скопје.

Распоред на програмата

10:00 Отворање на фестивалот

10:15 Почеток на работилниците

  • керамика
  • накит
  • плетење
  • мозаик
  • обработка на метал

11:00 Модна ревија со инспирација од стариот Рим

11:30 Јавни предавања за древниот Рим

  • Археолошкиот Парк Виминациум – д-р. Милица Тапавички Илиќ (Археолошки Институт при САНУ, Белград)
  • Мона Лиза од Виминациум –  д-р. Јелена Анѓелковиќ-Грашар (Археолошки Институт при САНУ, Белград)
  • Скупи – Непосредно соочување со римската култура – Игор Кузманоски (Музеј на град Скопје, Скопје)

12:15 Можност за правење на римски фризури

13:00 Послужување на римската храна

14:00 Изложба на облека инспирирана од стариот Рим (Археолошки Парк Виминациум, Србија)

15:45 Затворање на работилниците

16:00 Затворање на фестивалот

Фестивалот е во организација на ХАЕМУС – центар за научно истражување и промоција на културата од Скопје во соработка со Археолошкиот парк ,,Виминациум” и во партнерство со EXARC – меѓународна организација за музеи под отворено небо и експериментална археологија. Настанот се прави под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly