Правила за однесување

 

Почитувани љубители на културното наследство, би сакале да напоменеме дека ”Scupini Romani” е фестивал од јавен карактер и има едукативна цел. Најљубезно ве замолуваме пред да се решите да бидете дел од амбиентот на нашиот фестивал, да почитувате некои од правилата за однесување додека трае настанот.

  • За да присуствувате морате однапред да си купите влезница и да ја чувате до крајот на настанот.
  • Нема да бидат доделувани гратис влезници, но постои фамилијарен попуст.
  • Ќе можат да присуствуваат само акредитирани новинари.
  • Малолетни деца и деца до 12 годишна возраст мора да бидат под надзор на возрасен.
  • Можете да бидете дел од секоја работилница, но на сопствена одговорност. Истото важи и за вашите деца кои се ваша одговорност.
  • Секој предмет (керамика, облека, накит, други аксесоари) е специјално нарачан за потребите на фестивалот. Тие се изработени рачно, со многу љубов и внимание од ракотворците и/или уметниците и се уникати. Доколку некој предмет биде оштетен или скршен, надоместокот се плаќа на лице место
  • Римската храна влегува во цената на влезницата. Таа е правена претежно на растителна основа. Напоменуваме дека тоа не е ручек вклучен во цената на билетот и кога ќе биде поставена за дегустација, имајте во предвид дека од неа треба да пробаат сите гости присутни на фестивалот.

 

Ви благодариме однапред на разбирањето

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly