Сувенири

 

Дизајнот за брендирањето на Scupini Romani го работиме екслузивно со Paul R Adams, можеби еден од најдобрите дизајнери моментално во Македонија. Веројатно не сите, но некои од сувенирите ќе бидат достапни и на самиот настан во Скопје, оти повеќето ги спремаме за извоз.

scupini_-romani_haemus_souvenirs

Сувенири на ХАЕМУС – центар за научно истражување и промоција на културата кои ќе бидат достапни на фестивалот во Скопје на 06.11.2016 во Ореов Лад од 10-16ч.

HAEMUS_Inspiration_Ancient_Roman_Fibula

Рачно изработена фибула од жица со инспирација од накитот во древниот Рим

haemus_scupini_romani_tote_bag

Ташна со логото на SCUPINI ROMANI

 

Печатени изданија

Во рамките на SCUPINI ROMANI – меѓународен фестивал посветен на древната римска култура имаме желба да се купат книги, монографии и водичи посветени на римскиот период од територијата на Република Македонија и/или пак генерално кои се однесуваат на тој историски период.

Ги покануваме сите издавачки куќи и самостојни издавачи да не контактираат, доколку имаат публикации кои се однесуваат на античкиот Рим, неговата археологија, историја, архитектура, религија/митологија и фиилозофија. Доколку постои можност, би сакале изданијата да ги вклучиме во претстојниот Scupini Romani – меѓународен фестивал на древна римска култура. Ве замолуваме да не контактирате на contact@heamus.org.mk.

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

 

Print Friendly