Појтингерова карта

 

Извор на проучување на римските патишта претставуваат и картите. Една таква карта открил и на старо ја купил Конрад Појтингер, германски хуманист кој живеел на Виенскиот двор за кој нарачувал стари книги и карти. По неговото име таа и денеска е позната како Појтингерова карта (Tabula Peutingeriana). Но таа била повеќепати препишувана, т.е. точно три пати препишана од оригиналната Касториева која била изработена во 350 година, за да го достигне својот конечен облик како Појтингерова карта во 16 век. Тоа е мапа на која е прикажана патната мрежа на целото Римското царство. Направена е од неколку дела и тоа во коса проекција. Се претпоставува дека тој што ја препишувал седел над денешна Африка, па затоа Европа е целата развлечена во правец запад-исток.

scupini_romani_tabula_peutingeriana

Како сувенир од SCUPINI ROMANI посетителите ќе имаат можност да понесат мал дел од Појтингеровата карта на која се прикажани римските градови Скупи, Стоби и Хераклеја Линкестис. Упатуваме благодарност до Paul R Adams за дизајнот.

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly