Билети

 

Почитувани,

влезниците за “SCUPINI ROMANI – меѓународен фестивал за древната римска култура”, ќе ги продава исклучиво туристичката агенција Арбо Травел од Скопје со која ХАЕМУС склучи договор. Со купувањето добивате ваучер од Арбо Травел и билет од ХАЕМУС, кои треба да ги покажете на влезот од фестивалот.

10.09.-31.10.2016

Возрасни – 600 мкд.
Деца до 12 год. – 300 мкд.
Двајца возрасни + 1 дете до 12 год. – 1100 мкд.
Двајца возрасни + 2 деца до 12 год. – 1300 мкд.

31.10.-05.11.2016

Возрасни – 700 мкд
Деца до 12 год. – 350 мкд
Двајца возрасни + 1 дете до 12 год. – 1300 мкд.
Двајца возрасни + 2 деца до 12 год. – 1500 мкд.

06.11.2016

Возрасни – 900 мкд
Деца до 12 год. – 450 мкд
Двајца возрасни + 1 дете до 12 год. – 1600 мкд.
Двајца возрасни + 2 деца до 12 год. – 1900 мкд

НАПОМЕНА: Почитувани, кога уплаќате аранжман за SCVPINI ROMANI во ТА Арботравел, ве молиме да носите со себе фотокопии од идентификација на вашите малолетни деца. Доколку уплаќате по интернет, пратете ги претходно скеновите или фотокопиите од идентификациите на вашите деца на arbo@arbotravel.com.mk. Заштитата на личните информации и приватноста е загарантирана.

Билетите за “SCUPINI ROMANI – меѓународен фестивал посветен на древната римска култура” можат да се купат во Т.А. Арбо Травел на бул. Партизански Одреди 21 A2/1 локал 6, Скопје (Бизнис Центар Буњаковец).

HAEMUS_Scupini_Romani_tickets

НАПОМЕНА: Доколку не сте во можност билетот да го купите во Скопје, ве замолуваме да пратите официјален допис до агенцијата Арботравел на arbo@arbotravel.com.mk насловен како “Букинг на карти за SCVPINI ROMANI” и ќе добиете одговор со инструкции околу начинот на уплатата.

Во цената на билетите е вклучено:

  • влез на фестивалот
  • присуство на предавања од археолози
  • дегустација на римска храна
  • присуство на сите работилници и можност за учество на некои од нив
  • присуство на модна ревија со костуми инспирирани од римскиот период
  • можност за облекување на женска и машка римска облека
  • изложба со костуми од римскиот период сосптвеност на Виминациум
  • изложбен штанд на Археолошкиот парк ,,Виминациум” со комерцијални копии
  • можност за фотографирање и снимање

Во цената на билетите не вклучено:

  • партиципација во работилница за изработка на антички накит
  • можност за правење на римска фризура
  • сувенири
  • кафе и други пијалоци

tickets_haemus_arbotravel_scupini_romani

Сакаме да напоменеме дека за присуство на фестивалот SCUPINI ROMANI морате да поседувате и на влезот да покажете неколку работи, кое воедно треба да ги чувате до крајот на настанот затоа што може да ви бидат побарани:

  • ваучер од туристичката агенција Арботравел
  • фискална сметка од туристичката агенција Арботравел
  • специјално дизајниран билет на кои стојат печати на Т.А. Арботравел и ХАЕМУС

.

Ви посакуваме многу забава и едукација

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly