Локација

SCUPINI ROMANI – меѓународниот фестивал посветен на древната римска култура ќе се одржи во комплексот ,,Ореов Лад” на адреса: Сарајска 1, 1000 Скопје

Зошто Ореов лад, а не археолошки локалитет?

Фестивалот Scupini Romani ќе се одржи на на 06.11.2016 год. во комплексот “Ореов Лад”, во Скопје од 10-16ч. За да се задржи автентичноста, се обидовме да преговараме и со неколку археолошки локалитети, но се покажа дека немаат доволна инфраструктура која може да поддржи една ваква манифестација. Ореов лад како локација е погодна поради повеќе причини, но најмногу затоа што поседува затворен ресторан и грижливо уредено двориште со покриен и отворен дел во кое може да гравитираат повеќе стотини посетители. Дури и во случај да врне и да биде ладно, нема да има никакви пречки да се одржи фестивалот. Просторот може да се адаптира според намената на настанот, а нам исто така ни беше важна и логистиката од местото каде ќе се одржува Scupini Romani заради спремањето на ,,римската храна” која мора да биде свежо направена и послужена на посетителите.

 

Тимот на ХАЕМУС
Центар за научно истражување
и промоција на културата
icon_facebook icon-twitter icon-youtube

 

HAEMUS_Skupini_Romani_site_icon

Print Friendly