Плетење предмети

Кошницата е една од најстарите уметнички форми на човештвото. Таа може да биде етничка и културна икона полна со митови и приказни, носејќи со себе честопати дел од религијата и симболизмот на заедницата којашто ја изработува. Како и во минатото, кошниците се прават најчесто од растителен материјал и опфаќаат широк спектар на предмети со различни форми, од обични мали кутии до големи кошови.

Mosaic_floor_Palatium_Magnum_Istanbul
Човек кој храни магаре, мозаичен под од 6 век во Големата палата на Константинопол (Истанбул)

Плетењето кошници е дел од културното наследство на речиси сите домородни племиња, а типовите и изработката зависат од различните обичаи и вештината на занаетот. Функцијата може да им биде најразлична, од складирање на сува храна, течности, места за чување на облека, употреба во домаќинството итн. Сите древни цивилизации користеле најразлични типови на кошници, вклучувајќи ги и старите Римјани.

Traditional_wicker_knitting_basket_willow
Традиционално плетење на кошници од врба

Во рамките на SCUPINI ROMANI – меѓународниот фестивал посветен на древната римска култура, посетителите ќе ја имаат можноста да присуствуваат на традиционално плетење на кошници од врба кое го практикуваат Моника и Андреј Сверчкови. Покрај демонстрацијата, посетителите ќе ја имаат можноста и самите да пробаат да изработуваат кошници и да си понесат дома како сувенир или за употреба некој од направените предмети.

Print Friendly